Манчестер сити и Манчестер јунајтед утре ги очекува градската дерби пресметка во Премиерлигата. Натпревар кој се нетрпение го очекуваат и во редовите на Ливерпул, секако поради трката за шампионската титула со „граѓаните“.
Многумина сметаат дека токму дербито на Манчестер е клучен дуел околу шампионската трка, а добар дел од фудбалерите на Ливерпул не кријат дека ќе навиваат за лутиот ривал.
„Првпат во животот ќе навивам за Манчестер јунајтед. Нема да го гледам натпреварот, но сето срце ќе сум за Јунајтед“ – вели Милнер и дополнува:
„Можеби комплетно ќе го исклучам мобилниот на неколку часа и ќе го проверам резултатот подоцна. Немам некоја идеја што да правам за тоа време. Можеби ќе излезам на некоја вечера во желба тотално да се исклучам од фудбалот“.
Според Милнер, сепак што и да се случи на утрешното дерби во Манчестер остануваат уште три натпревари потоа и се е можно во трката за титула…
„Луѓето мислат дека Јунајтед е единствениот испит за Сити до крајот. Но, не е така. Премиерлигата е тешка. Со кога и да играте може да се случи кикс“ – вели Милнер.
Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул претходно во својата кариера настапуваше за Манчестер сити, како и за Лидс. Интересно, и двата клуба, како и Ливерпул, се големи ривали на Манчестер јунајтед па сигурно не му е лесно што ќе мора да навива за тимот од „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА