Тренерот на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ, жестоко ги нападна УЕФА и судијата Гил Манзано по синоќешниот дуел со Милан што српскиот првак го загуби со примен гол во самата завршница.
„Црвено-белите“ се жалеа дека на голот му претходел прекршок над нивни фудбалер, но судиите сепак решија да не го поништат погодокот и триумфот му припадна на италијанскиот фудбалски гигант.
„Примав и по пет, седум и дессет голови, но немојте да ги правите работите на ваков начин… Разочаран сум од судиските одлуки, немам зборови… Ова е срамота за ЛШ, доаѓаме овде,ја претставувме нашата земја, нашиот клуб, ако некој не ја сака Црвена Звезда овде нека каже отворено, а не да ни прават вакви работи… Каков пенал не ни беше свирен во Монако, тоа беше срамно, а потоа ова што ни се случи денеска, како да беше вооружен грабеж од арбитрите врз нас. Ако им пречиме нека си направат затворена лига и нека играат меѓу себе…Ние можеби доаѓаме од мала држава, но сме горди и не сакаме да ни се прават вакви работи“, изјави стратегот на белградските „црвено-бели“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА