Тренерот на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ, понудил оставка од функцијата тренер на Црвена Звезда по третиот последователен неуспех во сите натпреварувања, но клубот во овој момент не е подготвен да преземе порадикални чекори, пренесува српски „Курир“.
Иако до пред само неколку недели се чинеше дека тој е меѓу водечките кандидати за српски селектор, поразите против Брага и Војводина и ремито на гостински терен од Раднички во Ниш го ставија во прашање статусот на Милојевиќ во Звезда.
Сепак, барем засега, раководството на „црвено-белите“ има доверба во него, и нема намера да се откаже од најуспешниот тренер во последните 10 години. Меѓутоа на „Маракана“ и тоа како се потребни промени, затоа што во моментов тимот е во сериозна криза, и покрај неиграњето во Лигата на шампионите, го губи и здивот во домашното првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

