Милојевиќ приреди „хаос“ на пресот: „Сакате оставка? Еве ја давам… Утре нема ни да дојдам!“

Тренерот на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ на прес-конференцијата по натпреварот од четвртото коло во Лигата на Европа во кој „црвено-белите“ славеа со 1-0 против Лил приреди мал хаос разгорувајќи ја темата за негово заминување од клубот.

Иако Црвена Звезда победи, прес-конференцијата мина во мрачен тон поради сè погласните шпекулации за неговото заминување од Љутица Богдан.

„Постојано се зборува за мојот статус. Мнозинството е за тоа да го напуштам клубот. Ќе си заминам, немам проблем со тоа. Луѓето мислат дека повеќе не можам да и дадам на Звезда. Да не се „правиме на Тошо“, сите го пишувавте тоа. Ме навредивте мене, но и моето семејство беше навредувано. Потоа беше дали сум селектор или не, дали сум ваков или онаков. Без разлика дали ќе си заминам денес или утре, сепак и дадов нешто на оваа Звезда. Сите ме менувавте. Бидете искрени. Реков, декември е блиску“ – рече Милојевиќ и дополни:

„Каде видовте дека немам амбиција? Секогаш кога давам некоја изјава, секогаш според вас сум арогантен. Ако направам нешто, тогаш сум нервозен, лут… Што значи Црвена Звезда за мене? Јас и служам на Црвена Звезда. Додека сум потребен. Јас сум тука, немам каде да бегам. Ја гледам Звезда како семејство. Дали ми е тешко со ова? Денес добив толку многу пораки за поддршка, „немој да се лутиш“. Дали сакате да поднесам оставка сега? Еве, ја давам. Клубот има оставка на маса. Дали има почит? Никој мене да ме праша, а сите пишувате. И потоа ме сменивте. И сега велам, Владан веднаш ќе си замине. Јас дури и нема да дојдам утре. Не треба да навлегуваме во тоа. Ви благодарам уште еднаш, да сте живи и здрави.“

Се вчитува...