Милојевиќ: Радоњиќ да дава максимум ќе игра за Манчестер Сити или Реал Мадрид, а не за Црвена Звезда

Тренерот на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ даде интересна изјава пред мечот со ПСВ во Лигата на шампионите, а се однесува на фудбалерот Дејан Радоњиќ.

На новинарско прашање дали Радоињиќ е на својот максимум во моментов, и дали тоа ќе му помогне на тимот за добар резултат против ПСВ, Милојевиќ беше брутално искрен.

„Радоњиќ никогаш не може да биде на својот максимум. Затоа што да беше на максимум, немаше да игра во Црвена Звезда, туку ќе беше во Реал Мадрид или Манчестер Сити, во случај да еден од тие два тима се најдобрите во светот во моментот“, рече Милојевиќ.

Сепак, оваа изјава не го мотивираше дополнително фудбалерот, затоа што Црвена Звезда загуби од ПСВ на домашен терен, и со тоа се збогуваше од понатамошниот настап во ЛШ. Им останува само уште еден натпревар во најелитното клупско натпреварување против Јанг Бојс на гостински терен.

Се вчитува...