Владан Милојевиќ, актуелниот тренер на Црвена Звезда се наоѓа високо на листата на кандидати за наследник на Драган Стојковиќ – Пикси на селекторското место во репрезентацијата на Србија.
И самиот стратег не ја крие желбата да прифати нов предизвик во кариерата изјавувајќи дека му е сон да седене на клупата на својата држава.
„Не знам колку долго ќе бидам тренер на Црвена Звезда, но еден од моите фудбласки сонови е еден ден да бидам селектор, без разлика дали е на Србија или на Грција“, изјави Милојевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

