Црвена Звезда славеше со 1-3 на гостувањето против Лех и направи џиновски чекор кон последната квалификациска рунда за влез во ЛШ, а во главна улога беше Раде Круниќ.
Големиот борец од средината на теренот одлично се снајде и во улога на стрелец, постигнувајќи ги првите два гола за српскиот првак на тешкото гостување во Познањ.
„Раде е лидер, момче кое работи многу, кое одигра многу добри натпревари за нас. Сепак, поради грешките со Бенфика и Интер беше осудуван од јавноста. Кај нас тоа е нормално, некој да биде плукан, тешко е кај нас да се биде добар човек. Се сеќавате ли на тие моменти, јас знам колку тешко му паѓаше сето тоа на Раде, но многу ми е мило како реагираше на сето тоа, како одговори на критиките, тој е пример за нашите млади фудбалери. Јас сум пресреќен што го имам во тимот“, изјави тренерот Владан Милојевиќ.
Неговиот тим има одлична предност од дуелот во Познањ, но стратегот јасно стави до знаење дека нема да дозволи никакво опуштање на реваншот во Белград.
„Не сакам еуфорија. Имаме предност, но тоа беше само едно полувреме. Пред нас се уште 90 минути во Белград и секако нема да доволам никакво опуштање, ќе играме како да е 0-0“, порача Милојевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

