Голманот на Вардар, Дејан Милосављев е прогласен за најдобар играч за месец септември во СЕХА регионалната лига.
Милосављев е еден од најзаслужните за одличниот старт на „црвено-црните“ оваа сезона, и во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите. Српскиот голман доби најмногу гласови на социјалните мрежи од фановите па сосема заслужено го доби признанието – најдобар во првиот месец од новата сезона во регионалното натпреварување.
Вардар во месец септември во СЕХА лигата славеше против Железничар, Татран Прешов и Стеауа Букурешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА