Дејан Милосављев е меѓу најзаслужните што Фухсе Берлин успеа да стигне до титулата во Бундес-лигата, но ниту тоа не беше доволно за да се убедат челниците на овој клуб да му понудат нов договор на одличниот голман.
Откако по освоената титула јавно предупреди дека сака што поскоро да му биде разрешена иднината во клубот со кој има договор до јуни 2026 година, а управата на Берлин продолжи да молчи, Србинот реши да повлече чекор, договарајќи трансфер за заминување од германската метропола.
Како што јавува „Хендбол планет“, се е веќе договорено, a нов клуб на одличниот голман ќе биде Киелце. Полскиот гигант ќе прави ремонт во играчкиот кадар со заминувањето на браќата Душебајеви, но планот е повторно да се има моќен тим со кој ќе се атакува на висок пласман во Лигата на Шампионите. Договорот ќе биде на најмалку две години, со можност за продолжување на една дополнителна сезона, а Душебајев ќе ја мине следната сезона во Берлин, по што на крајот од договорот со бундеслигашот без отштета ќе се пресели во Полска.
За потсетување, Дејан Милосављев беше голман на Вардар при освојувањето на втората титула во Лигата на Шампионите на Ф4 турнирот во Келн во 2019 година, по што Србинот се пресели во Берлин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

