ЕКИПА во Брест,
Катерина Павлова Николовска
Дејан Милосављев го затвори голот на Вардар, во полуфиналето против Брест имаше вкупно 15 одбрани. Тој сосема заслужено е прогласен за играч на натпреварот.
„Не е важно колку одбрани имав, туку во кој момент ги остварив. Некогаш е бадијала да имаш 15 одбрани, ако потфрлиш кога најмногу треба. Мислам дека пак покажавме дека сме група, дека имаме карактер и добивме на терен на кој не може да биде потешко да се добие. Гиневме еден за друг и можам да кажам дека сум горд на оваа екипа и на сите кои веруваа во мене“ – изјави Милосављев по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА