По завршувањето на актуелнава сезона, Милош Теодосиќ ќе ја заврши својата богата играчка кариера, но останува во Црвена Звезда.
Како што ексклузивно објави Спортски журнал, тој ќе ја добие функцијата директор и потпретседател на клубот. Тоа ќе биде една од многуте промени во клубот, како во менаџментот, така и во играчкиот кадар.
Милош Теодосиќ е роден 1987 година во Ваљево, а кариерата ја започнал во ФМП. Во Србија, тој уште играше и за Борац Чачак, а во Европа кариерата ја започнал во Олимпијакос. Потоа долго време играше и за ЦСКА, со која ја освои Евролигата, а потоа се проба и во НБА лигата во дресот на Клиперс. По враќањето во Европа, играше за Виртус, со кого го освои Еврокупот и италијанската лига, пред да се приклучи на Црвена Звезда, која ја предводеше до тројната круна минатата сезона.
Една деценија беше дел и од српската репрезентација, освојувач на сребрени медали од Олимписките игри во 2016 година, Светското првенство во 2014 година и Европското првенство во 2009 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

