Милош Теодосиќ ја напушта НБА и се враќа во Европа

Српскиот кошаркар Милош Теодосиќ незадоволен од минутажата што ја има во ЛА клиперс највави дека планира да ја напушти НБА и да се врати во Европа, можеби уште во текот на оваа сезона. Капитенот на репрезентацијата на Србија во интервјуто за ВОА истакна дека се уште тешко се привикнува на НБА и дека му е многу поубаво кога игра во Европа.

„Имаме многу добар почеток на сезоната, позитивен скор. Но, искрено малку потешко ми е да се навикнам овде…Но, се обидувам. Инаку, немам повреда, потполно сум здрав и немам никакви проблеми што се однесува до повредите, па ќе видиме како ќе биде во продолжение на сезоната. Но, мислам дека сигурно нема да останам овде. Дојдов овде, видов како изгледа и некако…Повеќе уживам и поубаво ми е да играм во Европа! Такла што, сигурно ќе се вратам во Европа, дали во текот на оваа сезона или на крајот, ќе видиме“ – потврди Милош Теодосиќ.

Се вчитува...