Милош Теодосиќ ја пропушта Црвена Звезда

Милош Теодосиќ е суспендиран на два натпревара од страна на Евролигата за конфликтот со судиите на натпреварот против Ефес. Србинот ги изгуби нервите во средината на последната четвртина па па тргна да го тепа судијата.

Незадоволен од судискиот критерум искусниот 35-годишен кошаркар бурно протестираше, а додека еден од арбитрите го смируваше, словенечкиот судија Дамир Јавор му додели техничка, а потоа и исклучувачка грешка.

Тоа значи дека Виртус Болоња нема да смета на неговите услуги за престојните натпревари против Црвена Звезда и Олимпијакос.

Се вчитува...