Милош Теодосиќ стави крај на блескавата кариера!

Легендарниот српски кошаркар Милош Теодосиќ стави крај на својата играчка кариера. Таа одлука искусниот плејмејкер ја соопшти преку соопштение до медиумите.

„Почитувани пријатели, почитувани фанови и познавачи на кошарката, 

Најпрвин ви благодарам за 30 години заедничка борба, уживање, радост и тага. Дојде време да се збогувам со една фаза од мојата љубов кон магичната игра на обрачите.

Зад мене, зад нас е многу желба, борба, одрекување. Освоени трофеи, но и изгубени финалиња. И не би менувал ништо“, напиша Теодосиќ. 

Милош Тедосиќ ја заврши играчката кариера на 38 години, а последната сезона ја играше во Црвена Звезда. Со кошарка почнал да се занимава во родното Ваљево, а негов прв сениорски клуб бил ФМП.

Тој го носеше и дресот на Олимпијакос, ЦСКА Москва, Лос Анџелес Клиперс и Виртус Болоња. Со ЦСКА ја освои титулата во Евролигата во 2016 година, а во 2010 година беше прогласен за МВП на ова натпреварување.

Беше избран и во тимот на деценијата на Евролигата (2010-2020), трипати беше избран во најдобриот тим на натпреварувањето. Го освои и Еврокупот, а беше и МВП и најдобар стрелец.

Со репрезентацијата на Србија има три сребрени медали од Европското првенство во 2009 година, СП во 2014 година и Олимписките игри во 2016 година.

Се вчитува...