Милош Валац од Киелце на голот на Вардар од следната сезона

Полскиот голман Милош Валац, од идната сезона ќе го брани голот на Вардар. Валац потпиша договор на две години, кој стапува на сила од почетокот на идната 2025/26 сезона.

Досега настапуваше за Киелце, а „црвено-црните“ платиија обесштетување за него. Станува збор за 24-годишен голман, кој настапуваше како позајмен во Вибжеже Гдањск.

На последниот меч од ЕХФ лигата на шампионите меѓи Кјелце и Фуксе Берлин, новиот голман на Вардар имаше одлично прво полувреме и на крајот собра девет одбрани и неговиот тим имаше предност од два гола, покажувајќи ги своите квалитети.

Од РК Вардар најавуваат дека нема тука да застанат, и дека следниот период ќе следуваат уште неколку нови имиња.

Се вчитува...