Саво Милошевиќ нема по добро да го памети дебито на селекторското место во репрезентацијата на Босна и Херцеговина на домашен терен откако поранешната југословенска држава претрпе убедлив пораз од 0-5 од страна на Португалија и покрај оптимистичките најави на српскиот стартег за повеќе од бод во средбата против Португалците.
Голеадата во Зеница започна уште во 5. минута со голот на Кристијано Роналдо, а продолжи и преку португалскиот ас во 20. минута. До полувремето Португалците постигнаа уште три гола кои беа дело на Фернанедез, Кансело и Жоао Феликс.
Од групата „Ј“ чекор поблиску до Евро 2024 е и Словачка која со денешниот триумф од 1-0 против Луксембург стигна до 16. освоен бод на два кола пред крајот на квалификаците, додека Исланд забележа пирова победа од 4-0 против „фенерџијата“ Лихтенштајн.
До огромни три бода во групата „Б“ стигна Холандија која во Атина ја совлада Грција со 0-1 благодарение на голот на Вирџил ван Дајк од белата точка во третата минута од судиското продолжение на второто полувреме.
Во оваа група денеска беше одигран и натпреварот помеѓу Ирска и Гибралтар кој заврши со убедлив триумф од 4-0 на Ирците.
Претходно учеството на континенталниот собир го потврди Австрија со минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Азербејџан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

