Селекторот на Босна и Херцеговина Саво Милошевиќ ги откри своите размислувања за навивањето за клубовите на просторите на поранешна Југославија.
Милошевиќ во својата кариера настапуваше како напаѓач за Партизан, Астон Вила, Сарагоса, Парма и српската репрезентација. Тој вели дека меѓу навивачите на Партизан има многу кои го сакаат и Хајдук.
„Ние кои навиваме за Партизан, сите навиваме за Железничар. Не сум само јас, тоа се многу луѓе. Исто така, сите овие луѓе некаде го симпатизираат и Хајдук во Хрватска. Неверојатно е што постои линија. Прашав многу луѓе за тоа и никој нема објаснување за таа ситуација“, изјави Милошевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА