Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митре Милошевски најавува значително подобрување на спортските содржини во градот покрај Охридското езеро. Милошевски вели дека како што со љубов и самиот спортува од најраните години така и со љубов ќе се вложува за спортот во градот.
„Како денот по утрото, така човек по детството се знае, па така како што сега сите погледи се насочени кон мене за прв човек на градот, така и на моја десетгодишна возраст погледите на моите родители беа насочени дали ќе се справам со водите на Охридското езеро. Тие цело време стоеле покрај мене од страв гледајќи ме незабележително да влезам во езерото. Научив да пливам релативно рано и со часови не излегував од вода. Ме носеле уште мал на плажа и покрај Езерото, па затоа научив добро да пливам, верував во себе вложувајќи го секој атом затоа што чувството вели да продолжиш напред кон целта“ – раскажува Милошевски како го совладал пливањето.
А, колку најмногу имате испливано?
„Со многу труд и упорност успеав да ги совладувам пливачките техники. Па така од Канео до Градското пристаниште е мојата релација која знам за време на летниот период да ја испливам“.
Дали се занимавате и со некој друг спорт, како се рекрирате?
„Спортскиот дух секогаш живее во мене. Најпрво се занимавав со атлетика и трчав на долги патеки. Бев голман во градски клуб. Сега често знам во слободното време да пешачам, а со пријателите да играм кошарка. Љубител сум на НБА, со гордост ги следам сите настапи на нашите локални клубови и национални селекции“.
Сега граѓаните знаат повеќе за доктор Милошевски, но секако знаат што би подобриле во Охрид. Оттука што би издвоиле од вашата програма во однос на натамошен развој на спортот и рекреацијата во Охрид ?
„Преку изградбата и реконструкцијата, опремувањето на спортските сали, фудбалските и тениските игралишта, организирањето и субвенционирањето на голем број на спортски настани, поддршката на спортските таленти и изградбата на долгоочекуваниот базен во Охрид, директно придонесуваме за правилен психо-физички развој на децата, професионалците, гостите кои ги посетуваат овие содржини. Во тоа наоска би ги издвоил: Изградба на 30 рекреативни зони (5 тениски терени, 5 мултифункционални игралишта, 20 детски игралишта), нова трибина и соблекувални на Билјанини извори, изградба на спортски и детски игралишта во Елшани, Пештани, Долно Коњско, изградба на балон сала во населба Железничка но и уште многу други проекти за равој на спортот“.
Како планирате да го промовирате Охрид во светски рамки и како спортски центар, а не само како културен?
„Тенденцијата на дисперзија на спортските содржини значи чекор поблиску до создавање препознатлив спортски лик на градот во светски размери. Преку проектот Спортска академија во Охрид, учениците значи треба да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да бидат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис, а со тоа промоција на градот и државата. Во духот на спортската афирмација на градот одржување Летен камп за деца од 6-16 години. Активностите за време на одржување на Кампот ќе бидат под спортска палка на врвни фудбалски тренери од Фудбалската школа на ФК Барселона. Покрај развојот на спортот и стимулирањето на младата популација да се занимава со спорт, овој камп има промоцијата на градот Охрид“.
Што е тоа што Вие би го издвоиле како ваше ветување за охриѓани, доколку ви ја дадат довербата да го водите градот?
„Охрид мора да биде во центарот на вниманието. Приоритет за овој град мора да биде долгорочен економски раст, зголемување на конкурентноста и вработеноста и намалување на стапката на невработеност. Ефикасна и отворена локална самоуправа со одлики на работа, чесност, отчетност и одговорност“.
Освен што сте посветен родител, сопруг, пријател, посветен на професијата и пациентите како го поминувате слободното време или колку време наоѓате за себе?
„Секојдневно сум опкружен со луѓе кои ме поддржуваат и ми даваат уште поголема желба да работам. Слободното време покрај тоа што го поминувам со семејството, тука сум и за пријателите и гостите за да прошетам низ градот. Со задоволство наоѓам време за сите и за себе, да прошетаме, да го разгледаме Охрид“.
Платен политички текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА