Големо беше разочарувањето во нашиот табор по поразот од Шпанија, не поради резултатот, туку нееднаквиот критериум на судиите од Литванија, кои им дадоа „ветер во грбот“ на големите фаворити токму во моментите кога резултатот се кршееше. Разочарани се и во Ракометната Федерација на Македонија, а Генералниот секретар Филип Милошевски покрај критиките од арбитрите, изрази и желба оваа неправда да биде мотив повеќе на денешниот клучен натпревар со Исланд.
„Вчерашниот натпревар против Шпанија беше одраз на борбеноста, решителноста и вистинскиот квалитет на нашата селекција. Видовме издание на Македонија кое е беше за почит! За жал, неколку непринципиелни одлуки на судиите досудени по специфични критериуми доведоа до пресврт во последната четвртина од натпреварот.Секоја чест на нашата репрезентација за начинот на кој се справи со сите овие испади на натпреварот со Шпанија, но мораме да се фокусираме на денешниот важен меч со Исланд! Нека оваа неправда биде мотив повеќе да се прикажеме во уште подобро светло, онака како што знаеме и можеме“ – изјави Милошевски,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА