Миловановиќ: Тиквеш може многу повеќе, одиме на триумф против Брера

Денеска продолжува 4. коло од Прва МФЛ, во кое тимот на Тиквеш ќе има задача да стигне до првата победа. Противник е АП Брера, екипа што пристигнува во Кавадарци со свои амбиции и пресметки.

Во Кавадарци ситуацијата не е сјајна. Јавноста бара победа и бодови, па екипата е реално под императив на успех.

„Имаме лош старт на сезоната, тоа не е спорно. Сепак, знам дека овој тим на Тиквеш заслужува и може многу повеќе од ова. Сигурен сум дека ќе го докажеме уште денеска.

Брера е млад, но квалитетен тим. Бев во Струмица долг период и добро ги познавам повеќето од играчите. Секогаш е тешко да се игра против екипа што се брани. Сепак, ќе дадеме сè од себе за да ги освоиме трите бода, за нас, за клубот, за градот и за навивачите. Тоа Кавадарци и „Лозари“ го заслужуваат. Шампионатот е долг и Тиквеш уште има многу што да каже на теренот”, вели Даниел Миловановиќ.

Се вчитува...