Обидот на Панатинаикос да го „украде“ кошаркарот Никола Милутинов од својот голем ривал Олимпијакос, мина безуспешно откако и дефинитивно српскиот играч соопшти дека останува во „црвено-белиот“ дрес на атинскиот тим.
Трансферот ќе предизвикаше тектонски промени во грчката кошарка, меѓутоа на крајот навивачите на Олимпијакос може да здивнат. Не беа доволни ниту трите милиони евра годишно кои би ги заработувал, но српскиот репрезентативец останува во Олимпијакос за помала плата, односно за 2,5 милиони евра годишно. Новиот договор би бил на 2+1 година.
Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос призна дека се обиделе да го доведат Србинот.
„Дадовме се од себе, Милутинов е добар кошаркар. Знаевме дека ќе биде тешко, затоа вложивме толку многу пари. Се движиме напред кон нашата цел, освојување на Европлигта 2025/26. П.С. Платете им двојно за се“, напиша Јанакопулос на Инстаграм.
Последен кошаркар од Олимпијакос кој прејде во Панатинаикос е Костас Слукас, кој пред две години предизвика голем гнев кај фановите на Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

