Милутинов се враќа за Финска: Полн сум енергија едвај чекам да играм

Никола Милутинов ги пропушти првите два натпревара за Србија на Европското првенство поради вироза, но добра вест за нашиот северен сосед е враќањето на центарот на ЦСКА Москва за дуелот со Финска.

Икусниот 27-годишник веќе тренира со српската репрезентација во Прага и со нетрпение го очекува денешниот натпревар кој ќе биде од големо значење во амбицијата за освојување на првото место во групата.

„Полн сум енергија едвај чекам да играм. Ми беше тешко и криво, сакав да играм уште од првиот ден, но тоа е што е. Дојдов и одиме понатаму. Ги гледав првите натпревари изгледаме одлично, само така треба и да продолжиме“, изјави Милутинов.

Натпреварот на Србија и Финска е со почеток од 21 часот.

Се вчитува...