Милутинов се збогуваше од ЦСКА, се враќа назад во Евролигата

Никола Милутинов повеќе не е член на ЦСКА Москва откако српскиот кошаркар реши да си замине од овој европски гигант по четири години минато бранејќи ги боите на ЦСКА. Информацијата ја потврдија и самиот клуб, како и Милутинов, означувајќи крај на успешната соработка која траеше уште од 2019 година.

Милутинов за жал поради чести повреди не беше во можност да игра на највисоко ниво во континуитет, но српскиот центар останува запишан како најкорисен играч во историјата на клубот, со просечен индекс на корисност од 22,2 индексни поени. Тој одигра вкупно 119 натпревари за ЦСКА, при што реализираше 12,2 поени, 8,6 скокови, 1,3 асистенции и 0,6 блокади по натпревар.

„Тешко е да се каже довидување на сите извонредни соиграчи, пријатели и навивачи кои ги запознав во Москва. Уживав во секоја минута од престојот и играњето за ЦСКА, ми беше чест да го носам дресот на овој голем историски клуб. Сепак, дојде време да тргнам на друго место, но им посакувам се најдобро на луѓето од ЦСКА, убеден сум дека пак ќе се видиме и дека овој клуб ќе се врати на врвот на кошаркарска Европа“, изјави Милутинов.

Иако има понуди и од НБА-лигата, желба на српскиот репрезентативец е да се врати во Евролигата. Според последните информации, Милутинов е најблиску до потпис со Олимпијакос, клуб за кој со успех настапуваше од 2015 до 2020 година, пред да се пресели во ЦСКА.

Се вчитува...