Никола Милутинов го официјализираше трансферот од Олимпијакос во ЦСКА Москва откако српскиот центар утрово го стави потписот на тригодишниот договор со рускиот кошаркарски гигант. Тој сезонава имаше просек од 10,2 поени и 8,2 скокови по натпревар, а со оглед на финансиските проблеми на Олимпијакос беше извесно дека летово ќе ги смени клупските бои.
Србинот на маса имаше и понуди од Ефес, Барселона и Олимпија Милано, но на крајот пресуди разговорот со тренерот Итудис, кој го убеди Милутинов да ја избере ЦСКА Москва за следна дестинација во кариерата.
Милутинов стигнува во ЦСКА како замена за Кајл Хајнс, кој си замина од Москва и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА