Милвоки Бакс е првиот финалист на овогодинешното издание на НБА купот откако во полуфиналето славеше над екипата на Атланта со 110-102.
Со 32 поени, 14 скокови и 9 асистенции лидер на Милвоки беше Јанис Адетокумпо, додека него го следеше Дамиен Лилард со 25 поени и 7 асистенции.
Кај Атланта прво име беше Тре Јанг со 35 поени, 10 асистенции и 7 скокови, додека српскиот интернационалец Богдан Богдановиќ постигна 10 поени.
Во големото финале Милвоки за противник ќе го има подобриот од средбата помеѓу Оклахома Сити Тандер и Хјустон Рокетс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА