Милвоки Бакс се реши да ги „раздели“ браќаата Брук и Робин Лопез, така што вториот го испратија во Сакраменто Кингс. Недолго потоа Робин остана без ангажман, откако Кингс се решија да го отпуштат. Сепак, она што го направи во миговите кога дозна дека ќе биде менуван, е тема на социјалните мрежи.
Лопез се појави во салата за време на мечот на Милвоки против Минесота. Во друштво на мајка му, седеше зад клупата на гостинската екипа, а потоа извади книга и ја читаше во текот на целиот меч.
Робин Лопез во НБА игра од 2008 година. Играше вкупно во девет клубови, а во оваа сезона има скромна минутажа. Просечно дава по 1,1 поен со 0,3 скока и асистенции за четири одиграни минути по меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

