Милвоки и Адетокумбо шокирани од Мајами (ВИДЕО)

Иако Милвоки влезе како голем фаворит во дуелот со Мајами на домашен терен, сепак, гостите направија изненадување и убедливо со 26 разлика го поразија тимот на Јанис Адетокумбо.

Незапирлив беше Србинот Никола Јовиќ кој постигна 24 поени во победата од 97-123. Воедно, изненадување е тоа што Милвоки не успеа да постигне над 100 поени, и стана единствен тим кому тоа не му успеа во синоќешните НБА натпревари.

Ноќеска беше вечер на гостите. Во шесте меча, дури четири гостински триумфа. Само Феникс и ЛА Лејкерс ја спасуваа честа на домаќините и триумфираа над Сакраменто, односно Детроит.

На дуелот Бруклин – Бостон, „симултанка“ имаше Тејтум кој постигна 41 поен во победата на Бостон од 118-110.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Бруклин – Бостон 110-118
Орландо – Оклахома 113-127
Милвоки – Мајами 97-123
Феникс – Сакраменто 130-125
Портланд – Минесота 109-121
ЛА Лејкерс – Детроит 125-111

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...