Серијата од два порази по ред на Милвоки е прекината со победа над ЛА Клиперс со 124-117 на гостински терен. Токму после триумфот над Клиперс, „Бакси“ влегоа во низа од два порази (од Голден Стејт и ЛА Лејкерс), и сега ја прекинаа со триумф над истиот противник. Тогаш ја немаа помошта од Јанис Адетокумбо.
Лилард и Адетокумбо беа незадржливи за домашните кошаркари. Првиот постигна 35 поени со 11 асистенции, додека Јанис запиша 34 поени и 10 асистенции.
Двата тима се менуваа во водство во првиот дел. Ако првата четвртина ја добија Клиперси, во втората подобри беа Бакси, а клучната разлика беше направена во третиот период, кој Милвоки го доби со 32-23.
Се обиде Клиперс да се врати, во еден миг во последниот период стигна и до предност, меѓутоа во финишот Јанис и другарите успеаја да останат концентрирани и да дојдат до триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

