Кошаркарите на Милвоки бакс забележаа нова победа во НБА шампионатот откако синоќа во еден од најинтересните дуели славеа на гостувањето кај Далас маверикс со 117-132.
Јанис Адетокумбо со 29 поени беше прво име во таборот на победникот, а еден помалку уфрли Демијан Лилард. Кај поразените недоволен беше 31 поен на Кајри Ирвинг.
Филаделфија 76 ја прекина серијата на Голден Стејт вориорс откако славеше на домашен терен со 126-119. Квентин Грајмс одигра неверојана партија завршувајќи го мечот со 44 поени. Кај поразените Стеф Кари уфрли 29 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Шарлот – Вашингтон 100-113, Детроит – Бруклин 115-94, Мемфис – Сан Антонио 128-130 и Хјустон – Сакраменто 103-113.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

