Демијан Лилард е отпуштен од Милвоки Бакс. Клубот и официјално ги објави шокатните вести за отпуштање на својот плејмејкер и суперѕвезда Демијан Лилард!
Лилард ја скина Ахиловата тетива на крајот од минатата сезона и го чека долга пауза, а сега е и без клуб по отказот од Милвоки, кој ќе му плати 113 милиони долари.
Тие го направија тоа за да ослободат простор за Мајлс Тарнер, поранешниот играч на Индијана Пејсерс. Тој ќе заработи 107 милиони долари со четиригодишен договор.
Бакс ќе му ги платат на Лилард сите 113 милиони, но во одложен период од пет години и тоа е таканаречениот термин „договор за продолжување“ за да се намали ударот кон ограничувањето на платите. Иако нема да ја исплатат платата на Лилард толку брзо како да е таму, нема да можат целосно да ја избришат.
Лилард имаше уште две години од договорот со Бакс, но секако ќе мораше да ја пропушта целата следна година поради тешката повреда на Ахиловата тетива.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

