Драматичен прв меч од четвртфиналето во НБА плеј-офот одиграа и Бостон и Милвоки. На крајот Бостон во својот „ТД Гарден“ славеше по продолжение со 113-107, за водство од 1-0 во серијата.
Во главно израмнет меч, Бостон се издвои од противникот на половината од последниот период за водство од 86-76. И кога се чинеше дека гостите нема што да бараат до финишот, Крис Мидлтон погоди тројка со звукот на сирената од невозможна позиција за 99-99 и дополнителни пет минути.
Во продолжението сепак Бостон покажа дека е подобар тим, сосема заслужено стигнувајќи до победата.
Најефикасни во победничкиот состав беа Ал Хорфорд со 24 поени и 12 скока, како Тери Розие со 23 поени. Маркус Морис постигна 21 поен а Браун мечот го заврши со 20 поени. Џејсон Татум имаше 19 поени и 10 скока.
На спротивната страна неверојатниот Јанис Антетокуомпо постигна 35 поени, дополнети и со 13 скока и 7 асистенции, а фантастична вечер имаше Крис Мидлтон со 31 постигнат поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА