Минамино го круниса јубилејот во Монако со победоносен гол во 96. минута (ВИДЕО)

Монако и Стразбур одиграа супердраматичен натпревар од 3. коло од француското првенство кој заврши со домашна победа од 3-2 со гол длабоко во судиското продолжение.

Домаќините имаа предност од 2-0 по головите на Аклиуче во 6. и Белогун во 48. минута од средбата, но гостите успеаја да изедначат за само три минути головите на Баква и Пиничели во 73. и 76. минута.

Победоносниот гол го постигна Минамино кој умешно се снајде во шестнаесетникот во 96. минута од средбата постигнувајќи гол на јубилејниот 100. настап во дресот на Монако.

Во останатите натпревари:

Ле Авре – Ница 3-1
Париз – Мец 3-2

Се вчитува...