Такуми Минамино со гол на дебито за Саутемптон го поздрави Јирген Клоп, откако германскиот стратег не му даде на Јапонецот соодветна шанса да ги покаже своите квалитети дури и во периодот кога Ливерпул се мачеше да постигне гол на почетокот од 2021 година.
Тој се пресели во Саутемптон во последните минути од јануарскиот преоден рок, за веднаш да блесне во дресот на „светците“ постигнувајќи прекрасен погодок на денешното гостување против Њукасл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

