Фудбалерите на Монако стигнаа до голема победа на гостувањето кај Ленс од 2-3 во дерби натпреварот од 23. коло во француската Лига 1. Гостите до водство од 0-1 стигнаа со голот на Балогун во 19. минута.
0-2 веќе беше во 30. минута откако прецизно стрелаше поранешниот ас на Ливерпул, Минамино. До крајот на првиот дел домаќините преку Вахи успеаја да намалат на 1-2. Израмнување од 2-2 донесе Весли Саид во 77. минута. Гостите имаа шанса уште во 82. минута да стигнат до ново водство, но Балогун не реализираше пенал. Сепак, „кнезовите“ успеаја да стигнат до победат откако Минамино го постигна победничкиот погодок (2-3) во 92. минута.
🇯🇵 TAKUMI MINAMINO (南野 拓実) WINS THE GAME FOR MONACO IN THE DYING SECONDS!!!pic.twitter.com/2GgXhFDALF
— Arya (@Twenty9United) February 25, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА