Минчев си заминува од МЗТ Скопје

Јордан Минчев пристигна во МЗТ Скопје како голем талент по трансферот од Фенербахче, но бугарскиот репрезентативец сега на мала врата ќе си замине од редовите на актуелниот македонски првак. Крилниот кошаркар не само што не задоволи со партиите на теренот, туку и со односот, поради што неколку пати влегуваше во конфликт со тренерот Жељко Лукајиќ.

Српскиот стратег упати јавни критики кон Минчев поради еден негов неспортски потег на гостувањето против Цибона, јасно ставајќи до знаење дека нема повеќе да толерира недисциплина. Минчев потоа добиваше се помала минутажа, за сега да биде донесена одлука за предвремен раскин на соработката.

Неофицијално, бугарскиот кошаркар до крајот на сезонава ќе настапува во татковината, во клуб што му гарантирал на Фенербахче многу поголема минутажа од онаа што ја имаше во МЗТ Скопје.

 

Се вчитува...