Минесота во последниот натпревар од регуларниот дел во НБА лигата ја очекува средба против Јута чиј исход директно ќе влијае за пласманот на тимот во плеј-офот или плеј-инот.
А, на овој натпревар тимот од Минеаполис нема да може да смета на услугите на својот најдобар кошаркар Ентони Едвардс кој заработи техничка грешка на последниот натпревар против Бруклин.
Поради големиот број на технички грешки американскиот кошаркар кој во просек постигнува 27.4 поени, 5.7 скокови и 4.5 асистенции доби суспензија на еден натпревар па нема да биде дел од одлучувачкиот дуел против тимот на Јанис Адетокумпо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА