Кошаркарите на Минесота влегуваат во топ-форма пред се кога станува збор за одбраната. Неколку дена откако одржаа лекција на ЛА Клиперс, синоќа на ред дојдоа и кошаркарите на ЛА Лејкерс, кои за 40 минути игра постигнаа скромни 80 поени и го загубија натпреварот со конечни 109-80. Леброн Џејмс, Дејвис и останатите „езерџиит“ не најдоа одговор за одличната одбрана на домашниот тим, кој на полувреме имаше 12 поени предност, а печат на триумфот стави со импресивната последна четвртина што ја доби со 30-16.
Рендл постигна 18 поени за победничкиот тим, Гобер оствари дабл-дабл од 17 поени и 12 скокови, додека Расел беше најефикасен кај лејкерси со 20 поени. Дејвис беше запрен на 12 поени на овој дуел, додека Леброн Џјмс го заврши мечот со прескромни десет поени на своето салдо.
Бостон ја оправда фаворитската улога на домашниот натпревар со Мајами, рутински триумфирајќи со 108-89. „Зелените“ беа неколку неколку важни играчи, но тимот повторно покажа карактер и со колективна игра стигна до убедлива победа. Браун беше прв стрелец со 29 поени, голема помош доби од Причард и неговите 25 поени, додека стрелците на Мајами во овој убедлив пораз ги предводеше Хироу со 19 поени.
Резултати НБА:
Атланта – Њу Орлеанс 124-112, Бостон – Мајами 108-89, Чикаго – Бруклин 128-102, Минесота – ЛА Лејкерс 109-80.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА