Минесота го совлада лидерот на Западот (ВИДЕО)

Минесота одигра одличен натпревар и со триумф од 112-107 му го нанесе само третиот пораз на лидерот на Западот и актуелниот шампион Оклахома.

Гилџус-Александер беше прво име на натпреварот со 35 поени, седум скокови и пет асистенции, но тие не беа доволни за триумф. На спротивната страна Едвардс реализираше дабл-дабл од 26 поени и 12 скокови со кој го предводеше својот тим до нов триумф.

Во останатите натпревари:

Бостон – Мајами 129-116
Њујорк – Филаделфија 107-116
Атланта – Сан Антонио 98-126
Кливленд – Чикаго 125-136

Се вчитува...