Минесота втора година во низа се пласира во финалето на Западната конференција, но за разлика од минатата година, овој пат Тимбервулс изгледаат на вистински претендент за титула.
Тоа добро го знае и ветеранот Дрејмонд Грин кој со својот Голден Стејт беше елиминиран со 4-1 кој го пофали противникот кој одигра доминантни четири натпревари во низа.
„Минесота има реална шанса за титула. Ги имаат сите „парчиња“ за титула. Го имаат Наз од клупата, младиот Мекдениелс, Руди кој е четири пати беше одбран за дефанзивец на годината, Конли со неверојатно искуство, Дивинчензо… Ги имаат сите „парчиња“, изјави Грин по елиминацијата на неговиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

