Минесота не се предава, го демолираше најдобриот тим на „западот“

Кошаркарите на Минесота ги загубија претходните две средби во Оклахома Сити на стартот од финалната серија во Западната конференција, но „волците“ го искористија тоа како дополнителен мотив – за на првиот домашен меч да го демолираат тимот што беше прв носител на „западот“ со преубедливи 42 поени разлика.

Негативата е преполовена откако првиот меч во Минеаполис мина во апсолутна доминација на домашниот тим, кој триумфираше со неверојатни 143-101. Убедливиот триумф беше најавен уште во првата четвртина што Минесота ја доби со 34-14, а домаќините продолжија да доминираат и во вториот период, добивајќи го со 38-27. Победата практично беше осигурана за едно полувреме, но домаќините не застанаа, напротив – продолжија да доминираат на теренот и заслужено стигнаа до убедлива победа што дефинитивно ќе им ја зголеми самодовербата пред наредните натпревари од оваа финална серија.

Една од причините за фијаското на гостите е катастрофалното издание на Гилџус Александер, кој имаше само два поени во периодот кога Минесота ја создаваше големата предност. МВП-кошаркарот за оваа сезона стигна до 14 поени, в0општо не влезе во игра во последната четвртина.Убедливо најдобар поединец кај Минесота беше Едвардс со 30 поени, 9 скокови и 6 асистенции, а значаен придонес за победата даде и Рендл со 24 поени.

Се вчитува...