Руди Гобер ќе добие суспензија од еден натпревар и нема да отпатува со тимот за дуелот со ЛА Лејкерс поради ударот со бокс кон соиграчот Кајл Андерсон, пренесува доброупатниот новинар на ЕСПН, Адријан Војнаровски. Причината за малата суспензија е почетокот на плеј-инот и важните натпревари кои следат за изборување на место во плеј-офот.
Како потсетување, на тајм-аут дојде до жестока расправија помеѓу Гобер и Андерсон која заврши со физички напад на Французинот кон својот соиграч. Брзата реакција за тимот спречи поголем инцидент, а центарот се извини за однесувањето преку социјалната мрежа Твитер.
„Емоциите ме надвладаа. Не требаше да реагирам така без обѕир на тоа што е кажано. Се извинувам на навивачите, клубот и посебно на Кајл кого многу го сакам и почитувам како соиграч“, напиша Гобер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

