Екипата на ПСЖ синоќа во Минхен дојде до првиот историски трофеј во Лигата на шампионите. Во финалето во германскиот град, францускиот тим со убедливи 5-0 го порази Интер.
Интересно е тоа што ова беше четврто финале во Минхен, и во четвртиот наврат се случи деби трофеј за клубовите.
Првото финале во Минхен беше во 1979 година кога триумфираше Нотингем Форест. Во 1993 година во истиот град за првпат трофејот го освои тимот на Олимпик Марсеј. Финалето во 1997 година го лансираше тимот на Борусија Дортмунд како победник во ЛШ. Во 2012 година од Олимпискиот стадион, финалето се сели на новата Арена, а таму Челси успеа да дојде до својот прв трофеј. Синоќа ПСЖ во Минхен успеа да дојде до својот прв историски трофеј.
Инаку ПСЖ се приклучи на листата на 24 екипи кои ги освоиле трофејот во најелитното европско натпреварување.
Ова натпреварување го освоија: Реал Мадрид (15 пати), Милан (7), Баерн Минхен (6), Ливерпул (6), Барселона (5), Ајакс (4), Интер Милан (3), Манчестер Јунајтед (3), Јувентус (2), Бенфика (2), Челзи (2), Нотингем Форест (2), Порто (2), и по еден трофеј имаат Борусија Дортмунд, Селтик, Хамбургер, Стеауа, Олимпик Марсеј, Манчестер Сити, Феенорд, Астон Вила, ПСВ и Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

