Баерн Минхен по неполни 30 минути игра стигна до водство од 1-0 на дуелот со РЕал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Сосема неочекувано, стрелец на погодокот беше десниот бек Џошуа Кимих, кој одлично истрча еден контранапад и на асистенција на Хамес Родригез донесе огромна радост меѓу домашните фанови на „Алијанц арена“. Свој придонес во голот имаше и гостинскиот голман Кејлор Навас, кој слабо интервенираше очекувајќи центаршут, па дозволи топката крај раката да му заврши во мрежата.
Баерн од самиот почеток остана без помошта на Арјен Робен, кој го повреди мускулот, па на негово место во игра влезе Тијаго Алкантара.
James Assist – Kimmich Goal #BAYRMA pic.twitter.com/7Yn6Zi94Ux
— Coonteke (@Cooonteke) April 25, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА