Минимален напредок на Ивановски, пад на Ѓорческа на новите АТП и ВТА ранг листи

Новото рангирање на АТП лигата за македонските тенисери не донесе големи промени. Нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски забележа скок од едно место и сега е на 360. позиција.

Напредок од три места забележа и Обрад Марковски кој сега е на 1609. место, додека  Горазд Србљак забележа пад од една позиција и сега е на 1069. место.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа пак забележа пад за шест места на најновото рангирање на ВТА и во моментов се наоѓа на 241 место.

Поголем напредок забележа Магдалена Стоилковска кој се наоѓа на 1203. позиција што е за осум места подобро од почетокот на изминатата недела.

Се вчитува...