Минимален напредок на македонските тенисери и тенисерки за крај на 2024 година

Македонските тенисери Горазд Србљак и Калин Ивановски забележаа напредок по едно место на последниот АТП ранкинг.

Србљак сега е на делба на 1154. место, додека Ивановски е на делба на 1316. позиција на светско ниво.

Минимален напредок забележа и Магдалена Стоилковска која се искачи за две места и во моментот е на 1196. позиција, додека најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа останува на 279. место.

Се вчитува...