Ракометарите на Охрид забележаа минимален пораз (25-24) од Ловќен во последниот пријателски натпревар за време на еднонеделните подготовки во Будва, Црна Гора.
Пресудно за поразот беше лошо одиграното прво полувреме низ кое домашните стигнаа и до предност од пет гола. Во вториот дел охриѓани заиграа далеку поагресивно, но не успеаја да стигнат до пресврт.
Најпрецизен во составот на Охрид беше Денис Тот со шест голови, а еден помалку постигна капитенот Крсте Андоновски.
Во претходните два натпревари во Црна Гора, охридските ракометари славеа на дуелите со Тиват односно Будва. Следниот пријателски натпревар за Охрид е во среда на домашен терен против тимот на Беса Фамгас. Натпреварот ќе биде од хуминатарен карактер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА