Кике Санчез Флорес имаше деби со пораз на клупата на Севилја, откако неговиот тим загуби на гостувањето кај Атлетико Мадрид. Четата на Диего Симеоне ја продолжува трката за врвот на табелата со победа која ја донесе Љоренте.
Играчот од средниот ред на Атлетико погоди на стартот на вториот дел, и тоа беше единствениот гол на овој меч.
До крајот на натпреврот Атлетико остана со играч помалку, откако Сојунџу беше исклучен на 20 минути од мечот.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

