Фудбалерите на Челси забележаа нова победа во домашниот шампионат откако денеска на домашен терен со минимални 1-0 славеа над Лестер сити во натпревар од 28. коло од англиската Премиерлига.
Иако беа подобар противник и во првото полувреме избраниците на Енцо Мареска не успеаја да ја материјализираат доминацијата откако Кол Палмер не реализираше пенал во 22. минута.
Сепак, во вториот дел „сините“ од Лондон успеаја да стигнат до полн плен со погодокот на Кукурелја во 60. минута.
Chelsea [1] – 0 Leicester – Marc Cucurella 60'
byu/dotuan211 insoccer
Интересно беше и на дуелот меѓу Тотенхем и Бормут во кој домаќините иако имаа негатива од 0-2 на крајот успеаја да стигнат до реми 2-2.
Chelsea [1] – 0 Leicester – Marc Cucurella 60'
byu/dotuan211 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

