Елјиф Елмас и Наполи стигнаа до минимален триумф од 1-0 против Сампдорија во 21. коло во италијанската Серија А. Клучниот момент во натпреварот се случи во 43. минута кога акцијата која беше почната од нашиот репрезентативец заврши со погодок на Андреа Петања.
За издвојување е и поништениот гол на Хуан Жезуз во 35. минута. Елмас од првата минута беше на теренот на „Диего Армандо Марадона“ и ги одигра сите 90 минути.
Во вториот меч од терминот од 16.30 часот Аталанта го прегази Удинез на гостински терен со 2-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА