Минимална победа на Торино против Емполи

Торино им се врати на победите во Серија А славејќи на натпреварот против Емполи во 29. коло со 1-0 благодарние на голот на Влашиќ во 70. минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде меѓу првите 11 на теренот од првата минута, а настапи до 83. минута пред да биде заменет од страна на Карамох.

Со овој триумф Торино стигна до 38. бод во сезоната со кој останува на 11. позиција на табелата, додека Емполи останува во опасната зона со 22 освоено бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...